ЗА НАС
Приказната зад вашите незаборавни патувања
Запознајте го тимот што ги претвора патувањата во спомени
Посветен тим за сигурни и убави патувања
Во далечната 2000 година, еден од вработените во тогашниот „ГенералТурист“ – Загреб
донесе одлука да основа сопствена туристичка агенција во Охрид, со амбиција да создаде вистински наследник на реномираниот „ГенералТурист“, но на овие простори.
Така беше основана туристичката агенција „ГенералТурист 2000“ ДООЕЛ Охрид. Со повеќе од 25 години искуство стекнато преку работа со познати туроператори како Хотелплан, Сага, Клуб Есколет, Мулер Рајзен, Бемехтурс и други, кои успешно ги сервисираше во Охрид и низ Македонија, поставувањето на агенцијата на туристичката мапа беше природен чекор. Професионалноста, посветеноста и долгогодишното искуство овозможија уште од самите почетоци „ГенералТурист 2000“ да го заземе своето заслужено место во туристичката фела, како на локално, така и на регионално ниво. Денес, по повеќе од две децении успешно работење,
„ГенералТурист 2000“ ДООЕЛ Охрид претставува стабилна, модерна и доверлива туристичка агенција која постојано се прилагодува на современите туристички трендови и потреби на клиентите.
Со внимателно осмислени туристички аранжмани, индивидуален пристап и висок квалитет на услуга, агенцијата продолжува да ја гради својата препознатливост и доверба кај домашните и странските гости.
Агенцијата е членка на АТАМ и ХОТАМ и е носител на А лиценца со регистарски број 113-682.
Нашата мисија
Вашето задоволство е наш главен приоритет
Комбинацијата од континуирана едукација на сопствениот кадар и бројните контакти стекнати уште во претходниот систем, значително придонесоа да го задржиме курсот на професионалност, посветеност, навременост и чесност кон партнерите со кои успешно соработуваме и кои ги сервисираме веќе долги години.
И по толку години активно работење, не нè напушта стремежот постојано да се унапредуваме и да веруваме дека секогаш може подобро. Токму таа постојана амбиција за напредок, подобрување на услугите и надминување на очекувањата претставува движечка сила во нашето секојдневно работење.